ŠPIC, najčitanije dnevne novine u Makeodiniji
Со овации, громогласно смеење и со силен аплауз публиката ги поздрави српските актери Милан Калиниќ, Андрија Милошевиќ и Милан Васиќ, кои во претставата „Пеј брате“ се обидуваат да го најдат својот пат во земјата на турбофолкот. Комбинација од Фифти Денарс и неуспешен поп-пејач би било најдоброто решение за Евровизија, а воедно и единственото место каде што би можеле да се промовираат губитници.
Ваква сугестија понуди претставата „Пеј брате“ во режија на Славенко Салетовиќ, која се одигра прексиноќа во Универзална сала. Со овации, громогласно смеење и со силен аплауз српските актери Милан Калиниќ, Андрија Милошевиќ и Милан Васиќ беа поздравувани од публиката.
Едноставната сценографија која претставуваше студио за снимање во кое се водеше војна на музички правци, во мигот на преклопување на термините ги спои металецот, раперот и поп-пејачот.
Секој ја величаше убавината на својата музика и ја исмеваше туѓата „креативност“, но сите беа губитници.
Неуспешниот металец и сопственик на музичкото студио, кој се освестил и сфатил дека нема леб од метал, па решил да заработи пари од тие што ги исмева, презира и ги мрази, го глумеше Милан Калиниќ, кој во една сцена од претставата излезе откај публиката.
Раперот во чиј лик го видовме Милан Васиќ, кој жали дека не е црнец, воедно е и неинтелигентен дечко кој сака да биде гангстер, а длабоко во себе е сличен со емотивниот поп-пејач кој е несреќен во љубовта.
Андрија Милошевиќ, пак, кој го толкуваше ликот на поп-ѕвездата ја продава последната крава за вторпат да се обиде да успее на сцената и сфаќа дека патот до успехот е Евровизија.
Иако техничката поддршка на моменти потфрлаше, тоа не успеа да ја засени прекрасната актерска игра на искусните актери кои имаа две претстави во средата во Универзална сала.
Сценариото во претставата „Пеј брате“ е на Стеван Копривица
Izvor: Špic